Дома Настани Увид во градежни активности за водовод во Чардаклија
Увид во градежни активности за водовод во Чардаклија
Четврток, 10 Септември 2020 13:24

Vodovod-Cardaklija-01Денеска заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов и директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев беа на увид во градежните активности за изградба на водоводна линија до Чардаклија.

„По инвестицијата во населба Балканска, пристапуваме со поставување на водоводна линија за водоснабдување на Чардаклија. Се работи за инвестиција од 5,5 милиони денари и водоводна цевка во должина од 1500 метри.

Со ова околу 920 жители во Чардаклија ќе добијат чиста и здрава вода за пиење, а претходно со инвестиција од околу 22 милиони денари во населба Балканска околу 600 жители се приклучени на градскиот водовод,“ истакна заменик градоначалникот Јане Миланов.

Директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев истакна дека во наредните денови ќе биде завршена првата фаза од овој проект во должина од 200 метри, а потоа се пристапува со водоводна цевка и кон Чардаклија.

После долги години се решаваат ваквите проблеми со водоснабдување на граѓаните без разлика за кој дел од градот се работи.

Vodovod-Cardaklija-02

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Септември 2020
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize