Дома Настани Увид во детски градинки
Увид во детски градинки
Понеделник, 07 Септември 2020 13:25

Uvid-DetskiGradinki-01Денеска заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со директорките на детските градинки „Астибо“ и Вера Циривири Трена“ извршија увид во последните подготовки пред приемот на деца.

Во среда на 09.09.2020 г., започнува приемот на деца со посебни протоколи за заштита на здравјето пропишани од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.

„Извршивме увид во просториите на детските градинки кадешто од среда ќе ги посетуваат дечињата. Во моментот се врши дезинфекција на надворешниот дел од градинките од страна на Територијалната противпожарна единица со цел поголема заштита на децата и вработените во овие институции,“ истакна заменик градоначалникот Миланов.

До овој момент во детската градинка „Астибо“ има запишано 400 деца, а во детската градинка „Вера Циривири Трена“ околу 150 деца, а дополнително уписите се сеуште во тек.

Директорките на двете детски градинки истакнаа дека родителите мора да ги почитуваат протоколите коишто се објавени на нивните веб страни, а се пропишани од Министерството за здравство.

Двете детски градинки ги завршуваат подготовките и се подготвени да ги примаат децата.

Uvid-DetskiGradinki-02

Uvid-DetskiGradinki-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Септември 2020
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize