Дома Настани Одобрение за изградба на брана на река Отиња
Одобрение за изградба на брана на река Отиња
Вторник, 14 Јули 2020 13:59

OdobrenieZaGradba-BranaOtinjaСо задоволство ја информираме јавноста дека денеска Општина Штип го доби одобрението за градење за брана на река Отиња од Министерството за транспорт и врски.

 Се исплатеа сите напори и трудот кој го дадовме како општина заедно со тимот на проектанти ,тимот кој работеше на ревизија на овој компленсен проект и тимот кој работеше на деталниот урбанистички план.

 Општина Штип упатува благодарност за силната меѓуинституционална соработка која ја воспоставивме помеѓу нас и Владата заедно со ресорните министерства,  Транспорт и врски, Земјоделство шумарство и водостопанство  и Животна средина и просторно планирање.

Деновиве ќе биде распишана постапката за изградба на браната Отиња, која е со висина на круната од околу 34 метри со 3 милиони м3 вода.

Ветувањето кое се провлекуваше низ годините како политичка пропаганда го релизираме за само две ипол години.

Како потсетување за овој капитален проект, досега се даваа само проценки , се потпишуваа меморандуми, а слушавме и декларативни заложби кои не се реализираа повеќе од 40 години.

Токму денес завршува долгото патување низ сите процедури кои не беа реализирани повеќе од 40 години, а започнува постапката за изградба.

Преку вакви капитални проекти кои ги реализираме за општина Штип ја оправдуваме довербата која ни ја дадоа граѓаните и ја подигаме на уште повисоко ниво.

Децениската желба на штипјани се реализира.

Докажавме дека со труд, упорност и посветеност го реализираме овој комплексен проект.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Август 2020
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize