Дома Настани Реконструкција на фасада и кров на ООУ „Тошо Арсов“
Реконструкција на фасада и кров на ООУ „Тошо Арсов“
Понеделник, 22 Јуни 2020 13:45

Fasada-OU-TosoArsov-01Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорката на ООУ „Тошо Арсов“, Фросина Маџарова извршија увид во започнатите припремни активности за реконструкција на фасадата на целото училиште и во спортската сала и кровот на целото училиште и спортската сала.

Се работи за поголема капитална инвестиција која ќе даде нов изглед на училиштето и ќе придонесе за подобри услови на учениците и наставниот кадар.

„Ова е поголема инвестиција од над 650.000 евра и со овие средства целосно ќе се реконструира фасадата и кровот во целото училиште и спортската сала.

Досега тука имаме инвестирано во реконструкција на санитарните јазли, промена на прозорите после неколку децении, реконструкција на дворот и дворната површина,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Директорката Маџарова изјави дека по неколкуте укажувања од интегралните инспекции конечно се започнува со реконструкција и поставување на нов кров и термоизолациона фасада.

Раководителката на образование при Општина Штип, Билјана Казанџиска истакна дека се работи на темелно реконструирање во основните училишта и во изминатите две години се вложени сериозни средства од локалната самоуправа.

Fasada-OU-TosoArsov-02

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Септември 2020
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize