Дома Настани Средба со Кристина Ампева, претставник од „Гласен Текстилец“
Средба со Кристина Ампева, претставник од „Гласен Текстилец“
Вторник, 02 Јуни 2020 14:49

GlasenTekstilecДенеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оствари средба со Кристина Ампева од здружението за работнички права „Гласен Текстилец“, во однос на новонастаната состојба и превземените мерки од страна на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Институциите, заедно со здруженијата на граѓани и бизнис секторот мораат во овој момент да имаат тесна соработка со цел ставање под контрола на овој нов бран на Ковид-19.

Од денеска започна проширено тестирање на над 500 вработени од текстилните компании и запирање на работниот процес со цел заштита на граѓаните.

Тестирањето ќе трае и во тек на наредните неколку дена. Сите текстилни работнички кои се тестирани задолжително треба да останат дома во наредните денови. Со заеднички сили и со почитување на мерките за заштита ќе успееме да се справиме со овој втор бран на Ковид-19 во Штип.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Септември 2020
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize