Дома Настани Состанок на Општински штаб за заштита и спасување
Состанок на Општински штаб за заштита и спасување
Понеделник, 01 Јуни 2020 15:38

Stab-zastita-01Денеска се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување во проширен состав кадешто присутни беа претставници од ЦЈЗ Штип, ДСЗИ Штип, СВР Штип, ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ Штип, ТППЕ Штип, Дирекција за заштита и спасување и АРМ, а дополнително на овој состанок присуствуваше и државниот секретар во Министерство за здравство, Владимир Милошев.

Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следните одлуки:

-      На предлог на Општинскиот штаб за заштита и спасување до Централниот кризен штаб, од утре (вторник) 02.06.2020 г., ќе бидат затворени 5 конфекции во Општина Штип.

-      Од утре започнува пошироко тестирање за Ковид 19 на вработените од овие 5 конфекции.

-      Задолжително вработените од овие 5 конфекции треба да останат во самоизолација и да ги почитуваат мерките за заштита на сопственото и на здравјето на останатите граѓани.

-      Општинскиот штаб за заштита и спасување е ПРОТИВ карантин за Штип но  ќе ја следи ситуацијата во наредните неколку денови и доколку бројката на заболени лица се зголемува ќе биде предложено до Централниот кризен штаб, за затворање на градот и воведување на полициски час.

Апелираме за најсериозно почитување на мерките и насоките од Владата и институциите!

Посебен апел до оние граѓани кои шират лажни вести дека вирусот не постои и е измислица, а всушност се работи за вирус којшто е сеуште присутен овде и борбата со истиот треба да ја водиме сите заедно.

Да не дозволиме поради некои коишто не ги почитуваат мерките да го затвориме целиот град, а со тоа да ја запреме економијата и граѓаните да останат на улица.

Stab-zastita-02

Stab-zastita-03

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Јули 2020
П В С Ч П С Н
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize