Дома Настани Реконструкција на улица Коле Неделковски
Реконструкција на улица Коле Неделковски
Четврток, 07 Мај 2020 13:24

DSC 9345 resizeУлицата Коле Неделковски доби нова асфалтна површина. После подолг период откато оваа улица беше во дотраена состојба, веќе е извршена комплетна реконструкција на истата.

Се работи за комплетна промена на водоводната и канализационата линија, вадење на коцката, тампонирање, асфалтирање, нови рабници и пешачка површина.

Ова е пример како една локална власт темелно треба да ги решава дотраените површини во градот.

„Сакам да се заблагодарам на граѓаните поради трпението, бидејќи имаше мал застој во работните активности поради вонредната ситуација и корона вирусот. После 40 години извршена е комплетна реконструкција на 1700 метри квадратни улица и 700 метри квадратни површина за пешаци. Претходно е реконструирана водоводната и канализационата мрежа,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Инвестицијата за улицата и тротоарите чини околу 4,2 милиони денари, а за водоводната и канализационата мрежа е 715.000 денари.

DSC 9271 resize

 

DSC 9305 resize

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Мај 2020
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize