Дома Настани Општински штаб за заштита и спасување Штип
Општински штаб за заштита и спасување Штип
Петок, 24 Април 2020 13:46

OpstinskiStab-24042020Почитувани граѓани,

Денеска се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување на којшто разговаравме за состојбата со Корона вирусот во последните денови со што донесовме неколку заклучоци и препораки.

,,Би сакал да ја искористам оваа прилика и да го искажам моето задоволство од тоа како Општинските институции во соработка со централните институции се борат со овој вирус, придонесувајќи Штип од град којшто беше во првите нападнат од Корона вирусот, денеска да биде град во кој вирусот се става под контрола.

Би сакал да ја искористам приликата, да ја информирам јавноста за една позитивна вест дека денеска во Штип нема новозаболени лица, а имаме 7 излекувани, со што бројката на излекувани е 19 лица.'

 Дополнително сакам да се заблагодарам на Министерството за одбрана и на Генералштабот којшто ги ставија на располагање своите капацитети на Општините преку Армијата.

Како информација за јавноста јас како градоначалник ваквата помош би ја искористил единствено во моменти кога нашите општински сили нема да бидат доволни да се справат со одреден проблем.'' истакна Благој Бочварски

Во овој момент нашите општински сили се на ниво на задачата и успешно се борат со овој предизвик, што значи дека Општина Штип до овој момент не ги оптоварува капацитетите на државата, затоа што сме добиле мандат како локална самоуправа да се справуваме со секој предизвик користејќи ги нашите сили и капацитети.

-          Овој викенд ќе започнеме нов циклус на масовно дезинфицирање на улиците и јавните површини во градот.

-          Денеска 15 волонтери на Општина Штип се ставија на располагање да помогнат во ставање на ред и делење на заштитни маски за секој граѓанин кој влегува во градскиот пазар.

-          Општина Штип ќе ги ослободи од наплата на комунални такси и користење на јавен простор сите правни субјекти коишто се погодени од оваа криза во период на траење на вонредната состојба.

-          За месеците мај и јуни граѓаните ќе бидат ослободени од плаќање на паркинг. За тоа време вработените во паркинг службата ќе бидат ангажирани на други работни позиции во ЈП „Стипион“.

-          Правните субјекти кои немаат остварено приход за време на вонредната состојба ќе бидат ослободени од 50% од плаќање на фирмарина за 2020 година.

-          Дозволите за достава на храна и намирници на маркетите и рестораните ќе важат и за овој викенд.

*Овие мерки ќе бидат предложени до Советот на Општина Штип

! Апелирам до сите граѓани на дисциплина, внимателност, солидарност и почитување на мерките и препораките. Борбата со вирусот сеуште трае и сеуште сме под голема закана, затоа секое непочитување на препораките може да донесе до сериозни последици по здравјето на граѓаните.

! Апелирам до фирмите и граѓаните коишто имаат редовни приходи, редовно да ги плаќаат обврските кон Општината, (како на пример данокот на имот), редовно  да ги плаќаат сметките за вода и смет кон ЈП „Исар“ со цел градот да не се доведе во ситуација да остане без вода за пиење.

Сите овие поволности коишто ги предлагам денеска значат намалување на општинските  приходи, затоа во овој момент треба сите да бидеме солидарни и одговорни кон својата општина, за да не се доведе во прашање основното функционирање на градот, сервисирањето, реконструкциите на улици, водоводи и канализации.

Општина Штип и овој пат покажува дека е првиот пример на солидарна институција која излегува во пресрет во овие тешки денови за граѓаните.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Мај 2020
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize