Дома Настани Се дезинфицираат влезовите од станбените згради во општина Штип
Се дезинфицираат влезовите од станбените згради во општина Штип
Петок, 27 Март 2020 16:05

DezinfekcijaZgradi 2Територијалната противпожарна единица и Јавното претпријатие „Исар“ преку своите екипи започнаа со дезинфицирање на влезовите и лифтовите од станбените згради во сите делови од градот.

ТППЕ Штип вчера работеше на дезинфекција на станбените влезови во населбата Осми Ноември, на улиците Булевар ЈНА и Енгелсова и во централното градско подрачје на улицата Ванчо Прќе.

Додека јавното претпријатие „Исар“ ги дезинфицираше станбените објети на улица Пиринска во населба Автокоманда и на улицата Лески во населбата Баби.

Ова е една од мерките донесени на Општинскиот штаб за заштита и спасување, затоа што досега нема точна информација колку граѓаните и куќните совети самоиницијативно имаат извршено дезинфекција.

На 23.03.2020 г., понеделник отворен е пункт за тестирање на граѓаните од вирусот Ковид 19 или Корона вирус, позади пакингот на ЈЗУ „Панче Караѓозов“ од 08:00 до 14:00 часот со упат од матичен лекар.

Мобилните тимови на Општина Штип досега имаат излезено во пресрет на околу 50 семејства кои имаат побарано помош на броевите кадешто се јавуваат граѓани за помош.

Апелираме граѓаните да ги следат насоките на Владата и на Министерството за здравство и да се информираат исклучиво од надлежните институции.

DezinfekcijaZgradi 1

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Јуни 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize