Дома Настани Состанок на Општински штаб за заштита и спасување
Состанок на Општински штаб за заштита и спасување
Среда, 18 Март 2020 15:39

ShtabZastita 01Денеска се одржа координативен состанок на Општинскиот Штаб за заштита и спасување во проширен состав кадешто дополнително присутни беа претставници од ЦЈЗ Штип, ДСЗИ Штип, Државен пазарен инспекторат Штип, СВР Штип, ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ Штип.

Градоначалникот на Опшина Штип како командант на Штабот за заштита и спасување на Општина Штип после одржаниот координативен меѓуинституционален состанок пред општинската зграда даде изјава за медиуми на која ги соопшти донесените заклучоци.  

На овој состанок се разговараше за моменталната состојба и идните чекори кои треба да бидат превземени од страна на институциите на локално ниво, а се важни за заштита на граѓаните и справување со настанатата ситуација со Корона вирусот, Ковид-19.

Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следните заклучоци:

  1. Затварање на градскиот пазар на ден петок, 20.03.2020 година, со цел превенција и заштита на граѓаните од Корона вирусот. Се задолжува ЈП Исар да го спороведе заклучокот.
  2. СВР Штип ќе продолжи со зголемени патроли на сите јавно-прометни површини во текот на попладневните часови, на спортските терени во градот, на плоштадите и патеките за прошетка и секаде кадешто има поголема концентрација на граѓани.
  3. На 22 март на денот на пролетта, се забранува одржување на традиционалното качување на тврдината Исар по повод обичајот “Чет’рсе“, поставување на било какви подвижни тезги за малопродажба и сите останати настани поврзани со овој празник, поради што ќе биде поставена патрола на СВР Штип и редарска служба од јавните претпријатија на сите влезови до тврдината Исар, со цел воведување на забрана за движење на граѓаните, а со тоа и дополнителна заштита.
  4. Се апелира до куќните совети во колективните станбени згради, да извршат дезинфекција во своите влезови, во лифтовите и во сите заеднички површини.
  5. СВР Штип ќе ја зголеми контролата за сите возила со странски регистарски таблички коишто влегуваат во градот со што ќе се врши уште еден начин на заштита во оваа состојба.
  6. Општина Штип ќе превземе обврска во насока на набавка поголема количина заштитни средства, дезинфекциони средства, маски и ракавици за потребите на Општината и на сите институции на територијата на Штип со што ќе се придонесе за заштита на вработените, а со тоа и на граѓаните.
  7. Општинскиот штаб за заштита и спасување, апелира до граѓаните да пријавуваат повратници од странство кои не ги почитуваат насоките од Министерство за здравство и Владата на бројот на МВР 192.
  8. Пензионерите, лицата со посебни потреби и лицата со други болести да не ги напуштаат своите домови доколку не е неопходно и да ги користат телефонските броеви на Општина Штип (078 472 621 и 032 226 623) со што мобилните екипи ќе им излезат во пресрет за нивна помош од типот на: плаќање на сметки, пазарување на основни намирници за исхрана, подигање на лекови од аптека и достава до живеалиштето.
  9. Апелираме до граѓаните да не создаваат залихи од прехрамбени производи и средства за хигиена во своите домови, бидејќи снабдувањето со храна и основни продукти во градот е редовно и достапно за сите.
  10. Апелираме да се следат препораките на Министерството за здравство и на сите надлежни институции.
  11. Општина Штип заедно со ЈП „Исар“ и ТППЕ Штип продолжуваат со редовно дезинфицирање на улиците, јавните површини, плоштадот, површините пред маркетите и аптеките, во просториите на СВР Штип, ЈЗУ „Здравствен дом“ Штип, и сите останати витални институции со цел поголема безбедност на граѓаните.

ShtabZastita 02

ShtabZastita 03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2020
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize