Дома Настани Пуштање во употреба на мост на река Брегалница
Пуштање во употреба на мост на река Брегалница
Понеделник, 02 Март 2020 15:31

MostBregalnica-01После 65 години локалната власт денес пушта во употреба нов мост на река Брегалница кој ќе го растерети сообраќајниот метеж во градот. Мостот „Иднина“ ги спојува населбите Пребег и Сењак и значително ќе придонесе во олеснување на протокот на работници и студенти од своите домови до работните места или до местата за студирање.

На овој настан денеска присутни беа претседателот на Владата, Оливер Спасовски, вицепремиерката, Мила Царовска и министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ја потенцираше важноста на оваа инвестиција за граѓаните на Штип.

„Само металната конструкција е со тежина од 240 тони, а заедно со сите останати елементи мостот има тежина од 670 тони. Мостот има две коловозни ленти, тротоар за пешаци, должина од 60 метри и широчина од 10 метри.

Заедно со овој мост ја изградивме и сообраќајницата која завршува со кружен тек на булеварот Гоце Делчев, во должина од 1200 метри на која поставивме 8400 метри квадратни асфалтна површина. Целата инвестиција на улицата, мостот, кружниот тек и уличното осветлување изнесува нешто над 60 милиони денари, инвестиција на Општина Штип.

Нека мостот „Иднина“ не поврзи, но и нека ни донесе хармонија, стабилност и просперитет на сите.

Ние сите заедно продолжуваме со напорна работа за иднината на сите граѓани овде во нашата татковина.

Нека ни е честит мостот „Иднина“, нека им служи на многу генерации,“ истакна Бочварски во своето излагање.

Премиерот Оливер Спасовски потенцираше дека она што е многу значајно е што локалната самоуправа, градоначалникот и Советот на општината, овој проект го реализираа целосно со пари од Буџетот на градот, односно од парите на граѓаните на општината. Ова е домаќински проект, од интерес за општината и за нејзините граѓани и тие можат сега да се уверат во тоа.

Свое поздравно обраќање имаа и министерот Сугаревски и вицепремиерката Царовска.

Квалитетната инфраструктура има најважна улога за економскиот развој, затоа Општините и Владата ќе продолжат посветено да работат на унапредување на патната мрежа во земјава, континуирано ќе го поттикнуваат развојот на сите региони и заеднички ќе продолжат да соработуваат за посилна економија и подобар живот на граѓаните.

MostBregalnica-02

MostBregalnica-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Мај 2020
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize