Дома Настани Канализација во населба Железничка
Канализација во населба Железничка
Петок, 21 Февруари 2020 14:47

Kanalizacija-Zeleznicka-01Граѓаните од урбаната заедница долна Железничка имаа потреба од нова канализациона мрежа. Општина Штип заедно ЈП „Исар“ започна со изградба на нова канализациона линија со должина од околу 400 метри со 7 приклучни шахти на која ќе се приклучат неколку домаќинства од овој дел од градот.

Градоначалникот Бочварски заедно со директорот на јавното претпријатие извршија увид во работните активности.

„Се наоѓаме во населбата долна Железничка каде преку комуникација со урбаните заедници увидовме потреба од изградба на канализациона мрежа во овој дел од градот како едно од главните барања на урбаната заедница во долна Железничка.

Се работи за инвестиција од околу 750.000 денари,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Директорот Живко Тасев истакна дека во програмата за работа на јавното претпријатие има многу вакви активности кои ќе се случат во текот на овој период, заради тоашто граѓаните во 21 век мора да имаат добри услови за живот.

Активностите ќе продолжат во населбата горна Железничка, кадешто и таму неколку домакинства ќе добијат канализациона мрежа.

Kanalizacija-Zeleznicka-02

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2020
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize