Дома Настани Реконструкции во СОУ „Јане Сандански“
Реконструкции во СОУ „Јане Сандански“
Понеделник, 17 Февруари 2020 15:10

SOUJaneSandanski-01Завршени се градежните активности во средното медицинско училиште Јане Сандански. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорката Емилија Рамбабова извршија увид во истите.

Се работи за целосна реконструкција на спортската сала после 35 години, со замена на под, ново лед осветлување и нови прозорци во неа.

Дополнително заменет е подот на училниците и набавени се нови смарт табли и нови компјутери.

„Задоволство ми е што повторно за еден краток период сум во средното училиште Јане Сандански, кадешто можеме да објавиме завршување на градежните активности и пуштање во употреба на средното медицинско училиште.

Ова се реалните проекти коишто оваа локална власт ги практикува,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Во моментот во ова училиште инвестирани се 4,8 милиони денари од кои 3,1 милион денари се за спортската сала.

Директорката Рамбабова и професорот по физичко воспитување, Маџаров истакнаа дека ова се значајни реконструкции пред се за децата кои посетуваат настава по физичко образование, да се градат во вистински правец и да постигнуваат високи резултати.

SOUJaneSandanski-02

SOUJaneSandanski-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2020
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize