Дома Настани Камен темелник на затворен базен во Штип
Камен темелник на затворен базен во Штип
Петок, 14 Февруари 2020 15:11

Bazen-Temel-01Агенција за млади и спорт заедно со Општина Штип инвестира над 600.000 евра со вклучено ДДВ за изградба на затворен базен во Суитлак, во населбата Деснаци.

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски одржаа прес конференција по повод ставање на камен темелник на затворениот базен во населбата Деснаци.

„Го реализираме едно од најголемите ветувања во владината програма и повеќегодишното барање на граѓаните од Штип, затворен базен.

Ќе придонесеме кон развивање здрави навики од најмала возраст и развој на пливањето како спорт, од што најголем бенефит ќе имаат младите луѓе и спортистите,“ изјави директорот на Агенцијата, Дарко Каевски.

Градоначалникот Бочварски во изјавата за медиуми потенцираше дека локалната самоуправа направи големи напори за изградба на овој капитален проект којшто е од големо значење за граѓаните и спортистите во Штип.

„Направивме големи напори за почеток на градба на затворениот базен во Штип,“ кажа Бочварски.

 

Bazen-Temel-02

Bazen-Temel-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Јули 2020
П В С Ч П С Н
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize