Дома Настани Посета на Филтер станица од страна на претставници од Јапонска агенција за меѓународна соработка – Џајка
Посета на Филтер станица од страна на претставници од Јапонска агенција за меѓународна соработка – Џајка
Четврток, 23 Јануари 2020 14:15

JICAPoseta-01Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со претставници од страна на Јапонската агенција за меѓународна соработка – Џајка извршија увид во работењето на Филтер станицата во населбата Баби во Штип.

Агенцијата Џајка има инвестирано во оваа Филтер станицата за реконструкција и денеска нејзините претставници извршуваат увид до каде се работите.

Општина Штип редовно го исплака тој кредит кон оваа агенција.

„Денеска сме овде заради запознавање на претставниците од Џајка до каде е целата реконструкција и како ќе излеземе од овој процес којшто е почнат од поодамна.

Ги запознав претставниците дека Министерството за земјоделство има распишано јавна набавка за опрема и за изградба на уште еден објект овде со цел да со таа најнова опрема успееме да добиеме вода од хидросистемот Злетовица,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Општина Штип и ЈП „Исар“ се грижат Штип да биде стабилен со снабдување на вода во наредните години.

 

JICAPoseta-02

JICAPoseta-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Февруари 2020
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize