Дома Настани Посета на прво родено дете во 2020 година
Посета на прво родено дете во 2020 година
Четврток, 02 Јануари 2020 15:32

PrvoBebe-01Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со претставници од Општина Штип го посетија првото родено дете во 2020 година.

Во штипската Клиничка болница на 01.01.2020 г., во 08 часот се роди Матеј – првото машко дете во оваа година.

„Сакам да упатам честитки за мајката Ана, за нејзиното второ дете во семејство.

Во име на Општина Штип подаривме скромен подарок за Матеј и Ана и штедна книшка со 10 илјади денари. На мене ми е драго што вчера и денеска веќе се родени шест бебиња во акушерското одделение при Клиничка болница Штип,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Мајката Ана и Матеј подарок и честитки добија и од директорот на Клиничка болница, Ален Георгијев.

Општина Штип упатува честитки за сите вработени во болницата, кои во новогодишната ноќ беа на работните места и се грижеа за здравјето на граѓаните.

PrvoBebe-02

PrvoBebe-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Јануари 2020
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize