Дома Настани Средба со претставници на институции
Средба со претставници на институции
Понеделник, 30 Декември 2019 14:19

DezurniSluzbi-01Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски во својот кабинет оствари средба со претставници од 8 институции кои ќе бидат дежурни за време на новогодишната ноќ. На оваа средба присутни беа претставници од СВР Штип, ТППЕ Штип, ЦУК, Итна медицинска помош, ЈП „Стипион 2011“, Филтер-станица ЈП „Исар“, Обезбедување во општинската зграда и Казнено поправен дом Штип.

Градоначалникот Бочварски ја изрази благодарноста за успешната соработка во тековната 2019 година и посака многу успеси и соработка во новата 2020 година.

„Денеска остваривме средба со претставници од 8 витални институции кои во текот на 2019 година беа на висина на задачата и секогаш за сите потреби имавме успешна соработка и координација. Сакам да им поракачам да имаат успешни мигови во новата 2020 година и многу нови постигнувања. Верувам дека новогодишната ноќ ќе помине во најдобар можен ред,“ изјави Бочварски.

Претставниците од овие интитуции ја искажаа подготвеноста како за новогодишната ноќ така и за годината којашто следи.

Градоначалникот Бочварски додели ваучери во вредност од 3000 денари на секој претставник.

DezurniSluzbi-02

DezurniSluzbi-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Јуни 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize