Дома Настани Посета на Клиничка болница Штип
Посета на Клиничка болница Штип
Понеделник, 02 Декември 2019 14:57

Bolnica-01Денеска, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на Клиничка болница Штип, Ален Георгијев извршија увид во капацитетите на истата.

Градоначалникот Бочварски го посети одделението за Кардиологија и беше запознаен со сите инвестиции и реконструкции на ова одделение, со цел подобро функционирање и задоволни пациенти.

„Денеска имав можност одблиску да се запознаам со функционирањето на Клиничката болница во Штип.

Заедно со директорот Георгијев извршивме увид во болницата и бев запознаен дека досега откако е назначен за директор, Клиничката болница и Министерство за здравство имаат инвестирано 350.000 евра во нова опрема.

Морам да потенцирам дека зголемувањето на платите покажува дека Владата се грижи за медицинскиот кадар, својата иднина да ја креира овде.

Досега заклучно со фебруари 2020 година зголемувањето на плати на лекарите специјалисти е 40 %, а на медицинските сестри е над 20%,“ истакна Бочварски.

Градоначалникот Бочварски заедно со директорот Георгијев разговараа со дел од младиот персонал во болницата за тоа кои се нивните потреби и како се одразуваат новите инвестиции во болницата и во човечкиот капитал.

 

Bolnica-02

Bolnica-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2019
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize