Дома Настани Увид во работни активности за котел во СОУ „Коле Нехтенин“
Увид во работни активности за котел во СОУ „Коле Нехтенин“
Среда, 27 Ноември 2019 15:28

Kotel-EMUC-01Во СОУ „Коле Нехтенин“ се работи на замена на стариот и дотраен котел за парно греење со нов котел. Оваа инвестиција е во завршна фаза и наскоро учениците и персоналот во ова училиште ќе добијат посовремен котел за греење.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и директорот на средното училиште, Дејан Павлов извршија увид во сите започнати активности за подобрување на условите во средното училиште „Коле Нехтенин“

„Откако го превземавме мандатот и го наследивме училиштето за краток временски период раздолживме долг во висина од 7.000.000 денари. Дополнително за овие две години инвестиравме во замена на подот на училниците, реконструкција на кабинетот за готварство, во тек е јавна набавка за реконструкција на спортската сала и набавка на компјутерска опрема за кабинетите.

Во завршна фаза е замена на стариот котел за греење со нов,“ изјави директорот Павлов.

Денеска сме на увид во училиштето „Коле Нехтенин“ каде навистина има големи поместувања во подобрување на сите услови. Се работи на замена на нов котел за греење, заменети подови во училниците, реконструкција на кујната, а во иднина ќе се работи и на реконструкција на спортската сала која е значајна за учениците и спортистите. Дополнително ќе биде поставена ограда пред училиштето за зголемување на безбедноста на учениците и вработените во ова училиште,“ дополни градоначалникот Бочварски.

Kotel-EMUC-02

Kotel-EMUC-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2019
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize