Дома Настани Бизнис форум во Општина Штип
Бизнис форум во Општина Штип
Среда, 13 Ноември 2019 11:02

BiznisForum-01За прв пат во Општина Штип се одржа Бизнис форум за текстилна и кожарска индустрија во координација со Амбасадата на Чешка во Скопје.

Овој бизнис форум е од огромно значење за Штип, кој важи за град на текстилот. Со овој Бизнис форум домашните компании воспоставуваат нови бизнис релазии за напредок на своите бизниси.

На овој бизнис форум свое обраќање имаше и градоначалникот Бочварски.

„Чест ми е што Штип беше избран за посета од ваша страна и за можноста да ги отвориме вратите кон светот. Ова за нас е големо значење и се надевам дека комуникацијата помеѓу вас и штипските стопанственици ќе продолжи и во иднина, со тоа што ќе се отворат нови можности и нови инвестиции со цел градот да продолжи да се развива во вистински правец,“ истакна Бочварски.

Исто така Амбасадорот Мирослав Томан го изрази своето задоволство за овој Бизнис форум, со желба за понатамошна соработка помеѓу бизнисмените, која ќе вроди со плод.

BiznisForum-02

BiznisForum-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2019
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize