Дома Настани Две години развој. Продолжуваме!
Две години развој. Продолжуваме!
Среда, 06 Ноември 2019 14:08

2GodiniRazvoj-01Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ги презентираше своите проекти и настани кои беа реализирани и започнати во изминатите две години откако Бочварски е градоначалник на Општина Штип.

На половина од мандато локалната власт може да констатира дека е реализирано многу од ветеното, затоа што граѓаните и нивните потреби се центар на внимание.

Градоначалникот Бочварски потенцираше дека во финална фаза е новата детска градинка во населба Сењак со капацитет од 200 дечиња, со што Штип целосно го решава сместувачкиот проблем со деца.

Оваа детска градинка ќе чини приближно околу 1 милион евра.

Исто така во завршна фаза е изградбата на новиот мост на река Брегалница кој ќе го растерети сообраќајот во тој дел од градот и тоа ќе биде од голема корист за граѓаните.

Обезбедена е чиста и здрава вода за пиење за жителите од населба Балканска од градскиот водовод. Со овој проект исполнето е предизборното ветување за овие жители, а во иднина продолжуваме кон населбата Железничка.

Реконструирани и изградени се над 50 километри во должина од 16 километри, а исто така изградени се 11000 километри пешачки површини.

Обезбедено е улично осветлување на влезот во градот.

2GodiniRazvoj-02

Оваа локална власт ќе го обезбеди најважнио проект за штипјани – Брана на река Отиња. За овој проект имаме силна поддршка и помош од Владата и премиерот Зоран Заев.

На овој настан во ОМЦ „Киро Глигоров“ присуствуваа, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, државниот секретар за здравство, Владимир Милошев и секретарот на СДСМ, Љупчо Николовски

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2019
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize