Дома Настани Прием на Емил Павлов во кабинетот на градоначалникот Благој Бочварски
Прием на Емил Павлов во кабинетот на градоначалникот Благој Бочварски
Вторник, 08 Октомври 2019 11:59

EmilPavlov-01Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски во својот кабинет го прими освојувачот на Премиер лигата во карате, Емил Павлов во Москва, Русија.

На овој прием присуствуваше и претседателот на Комисија за спорт, Елмир Мандак и еден од тренерите на Павлов, Жарко Арсовски.

Емил Павлов освои златен медал на оваа Премиер лига, победувајќи шест противници, од кои двајца светски прваци и еден освојувач на Европски игри.

„Емил со овој златен медал е поблиску до Олимпијадата којашто ќе се одржи наредната година. Токму заради тоа можам да кажам дека сум исклучително горд на сите овие успеси коишто ги остварува Емил Павлов,“ кажа Бочварски.

Емил додаде дека неговите очекувања секогаш се високи затоа што го дава својот максимум во секој меч.

„Имав многу тешки шест борби од кои шест победи и меѓу кои двајца светски прваци и еден актуелен освојувач на златен медал на Европски игри,“ додаде Павлов.

Општина Штип како стимул му додели парична награда во висина од 30.000 денари со што покажува дека спортот за локалната самоуправа е високо на агендата кога се работи за секаква помош и поддршка на нашите спортисти.

EmilPavlov-02

EmilPavlov-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Октомври 2019
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize