Дома Настани Ново улично осветлување на влезот во градот
Ново улично осветлување на влезот во градот
Петок, 04 Октомври 2019 06:38

OSvetluvanje-00Општина Штип инвестираше во уредување на еден од влезовите на градот Штип, а тоа е влезот од Велес или Скопје. Овој влез доби целосно нов лик, со ново улично осветлување, нови клупи за пешаци, корпи за отпадоци, нов тротоар за граѓаните и хортикултурно уредување.

„Се наоѓаме на самиот влез на градот, којшто не наликуваше на влез на вистински центар на нашата држава, на градот Штип. Денеска промовираме еден многу значаен успешен проект, со којпто овозможуваме нашиот град да добие вистински европски лик на својот влез.

Се работи за должина од 1300 метри на самиот пристап на градот кадешто и веќе изградивме нов тротоар бидејќи Кампус 4 е доста значаен кампус.

Уличното осветлување овде е веќе готово со нови лед светилки со 9 метарски столбови и инвестициона вредност од 2,3 милиони денари, дополнително уште 200.000 денари чинеше осветлувањето на кружниот тек што значи дека околу 2,5 милиони денари се тендерските постапки. Тротоарот и урбаното уредување овде коешто го завршивме веќе, беше инвестиција од 2,4 милиони денари и целата инвестиција на овој потег од градот чини 4,9 милиони денари,“ изјави градоначалникот Бочварски.

На влезот во градот кај Кампус 4 поставени се 36 столба.

Општина Штип работи на проектирање за осветлување на другиот влез од градот, тоа е влезот од кај Струмица.

OSvetluvanje

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Октомври 2019
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize