Дома Настани Состанок на Општински кризен штаб Штип
Состанок на Општински кризен штаб Штип
Понеделник, 16 Септември 2019 14:11

Состанок на Општински кризен штаб ШтипГрадоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски како командант на општинскиот штаб за заштита и спасување одржа состанок со членовите на овој штаб за активација на општинскиот план за заштита од поплави, мобилизација на цела ТППЕ како и просторната универзална единица за заштита и спасување, активација на јавните претпријатија Исар и Стипион на своите оперативни планови за заштита од поплави и мобилизација на просторните единици наменети за заштита и спасување.

„Од денеска започнува симулација на показна вежба или акција на координираност помеѓу општинските сили за заштита и спасување заедно со регионалните и државните сили за заштита и спасување.

Во наредните денови ќе се случува симулација на таква показна вежба со цел да спречиме што е можно повеќе проблеми коишто би настанале како потенцијална елементарна непогода,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Оваа показна вежба ќе се случува во наредните денови во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Sostanok-01Во среда на 18 септември ќе се одржи генералната проба, а во четврток 19 септември ќе се случи настанот кадешто ќе се види подготвеноста на општинските и државните сили во касарната „Јане Сандански“ Штип.

Општинскиот штаб за заштита и спасување располага со околу 150 луѓе на терен.

За чистење на каналите се ангажираат 7 багери – копачи, 5 камиони – кипери, 1 утоварач и 13 луѓе за чистење на истите. За изработка на заштитни насипи со песок на располагање се 2 утоварачи, 2 камиони, 30 работника и вреки за песок.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Мај 2020
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize