Дома Настани Прв училишен ден за децата од прво одделение
Прв училишен ден за децата од прво одделение
Петок, 30 Август 2019 13:15

Prvacinja-01Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ги посети основните училишта, Ванчо Прќе и Тошо Арсов за време на првиот училишен ден за децата од прво одделение.

Останатите основни училишта беа посетени од вработени лица во Општина Штип во одделението за образование кои им посакаа на децата топло добредојде во светот на образованието.

Учениците добија мајци кои се донација од општествено одговорната компанија ЕАМ.

„Јас верувам дека наставниците ќе го дадат својот максимум, ќе го пренесат целото свое знање на овие првачиња и верувам дека од нив ќе постанат стручни луѓе коишто ќе ни ја водат државата напред,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Свое поздравно излагање пред учениците, родителите и наставниците имаа и директорите на училиштата кои им посакаа добредојде на новите ученици, апелирајќи им да бидат упорни и истрајни во понатамошните предизвици.

Општина Штип ќе продолжи да инвестира во ренокструкција на овие воспитно-образовни институции, со цел поудобен престој на учениците.

Prvacinja-02

Prvacinja-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Септември 2019
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize