Дома Настани Јавна расправа по студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња“
Јавна расправа по студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња“
Вторник, 27 Август 2019 13:56

Rasprava-branaOtinja-01Денеска во сала на Совет на Општина Штип, се одржа Јавна расправа по студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња“.

На оваа јавна расправа присуствуваа градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов, претставници од Министерствата за животна средина и земјоделство шумарство и водостопанство , претставници од Општина Штип од одделението за животна средина како и заинтерсирани граѓани.

„Со овој чекор исполнуваме уште една важна задача во насока на одобрување на сите технички документации коишто се потребни за издавање на градежно одобрение, за изградба на брана на река Отиња.

Ние веќе одржавме јавна расправа за Деталниот урбанистички план којшто е во фаза на изработка и е веќе на ревизија, а потоа очекуваме да добиеме согласност од Министерство за транспорт и врски и да се усвои на седница на Совет на Општина Штип,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Општина Штип има добиено основен проект со целосна ревизија и се очекува да се добие согласност од Министерство за животна средина, како документ кој ќе биде составен дел на основниот проект.

Овие документи ќе бидат доставени до Министерство за транспорт и врски за одобрение за градба на овој многу важен проект, брана на реката Отиња.

Rasprava-branaOtinja-02

Rasprava-branaOtinja-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Септември 2019
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize