Дома Настани ФК Брегалница 2008 добива 51% приватна сопственост
ФК Брегалница 2008 добива 51% приватна сопственост
Понеделник, 08 Јули 2019 14:53

FK-Bregalnica-01Општина Штип со одлука на Совет на Општина Штип, отпочна постапка за продажба на дел од акциите во сопственост на Општина Штип за фудбалскиот клуб „Брегалница 2008“ АД-Штип.

На овој повик единствен кој покажа интерес за купување на 51% од акциите за фудбалскиот клуб „Брегалница 2008“ АД-Штип, беше спортскиот работник од Штип, Кирил Гогов.

„Можам да ја поздравам одлуката на сите советници во Совет на Општина Штип коишто ја донесоа едногласно и ме овластија да продолжам во насока на продажба на овој фудбалски клуб со 51 % акции коишто ќе бидат продадени на берза.

Ја информирам јавноста дека продажбата е успешно заврешена. Ние после седницата на Совет на Општина Штип имавме јавен повик на којшто баравме да ги видеме сите заинтерсирани субјекти коишто ќе сакаат да влезат под тие услови и да бидат сопственици на ФК „Брегалница 2008“ со поддршка од Општина Штип.

На тој јавен повик имавме еден заинтерсиран наш сограѓанин, а тоа е Кирил Гогов,“ изјави Бочварски.

„Оваа сезона ќе биде цел на ФК „Брегалница 2008“ враќање во првата фудбалска лига, кадешто на Брегалница како наш голем бренд и е местото, меѓу најдобрите,“ додаде новиот акционер Кирил Гогов.

FK-Bregalnica-02

FK-Bregalnica-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Септември 2019
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize