Дома Настани Посета на летен камп Реал Мадрид
Посета на летен камп Реал Мадрид
Петок, 21 Јуни 2019 12:59

LetenKamp RealMadrid-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски го посети летниот камп на Реал Мадрид којшто се одржува во општина Штип за млади таленти од 7 до 17 години.

Овој камп траеше 4 дена од 17 до 21 јуни на градскиот стадион во Штип кадешто младите фудбалери од различни градови и клубови имаа можност да научат и да го надградат своето знаење во фудбалските игри.

Сакам да се заблагодарам за целата организација до фудбалскиот клуб Реал Мадрид, овој светски гигант којшто денеска со свои стручни луѓе и во изминатите денови присуствуваше во Штип и во уште два града во државатам со што покажува дека има интерес да работи на подобрување на квалитетите на младите надежи.

Благодарен сум и заради тоа што имаме и спортски работници како господинот Кирил Гогов и компанијата „Кит-Го“ којшто исто така помага за организација на овој камп да се одржи токму во Штип,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Овој летен камп на Реал Мадрид се одржуваше во три града во Република Северна Македонија и тоа Скопје, Кавадарци и Штип.

LetenKamp RealMadrid-02

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2019
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize