Дома Настани Увид во работни активности на улица во село Караорман
Увид во работни активности на улица во село Караорман
Вторник, 28 Мај 2019 14:22

Karaorman-01Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на ЈП „Стипион 2011“ извршија увид во работните активности на јавното претпријатие Стипион за реконструкција на тешко пристапна улица во село Караорман.

Ова беше барање доставено од жителите во ова село, заради тешкиот пристап до своите домови и локалната власт веднаш излезе во пресрет со реконструкција на оваа улица.

„Се работи за пристапна улица којашто е со квадратура од 500 метри квадратни и цена на чинење околу 910.000 денари, инвестиција на Општина Штип којашто ќе биде поплочена со бехатон плочки во договор со жителите на оваа улица,“ изјави Бочварски.

Општина Штип во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ги санира и останатите тешко проодни улици во село Караорман, преку добиените средства од Агенцијата за рурален развој.

 Karaorman-02

Karaorman-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Август 2019
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize