Дома Настани Посета на ТППЕ Штип по повод Денот на пожарникарството
Посета на ТППЕ Штип по повод Денот на пожарникарството
Понеделник, 20 Мај 2019 13:34

TPPE-01Денеска по повод 20 мај – Денот на пожарникарството, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ја посети штипската противпожарна единица каде им се заблагодари на пожарникарите за нивната пожртвуваност и професионализам во задачите и активностите коишто секојдневно ги извршуваат.

„Сакам да им го честитам денот и да посакам да имаат многу успешни активности со коишто нивната благородна професија ќе успее да зачува многу од имотот на граѓаните, а можеби и човечки животи.

Во изминатите месеци ги ставивме сите возила на ТППЕ Штип во функција, поставивме фотоволтаици со коишто ќе се заштедува енергија и преку меѓуграничната соработка со општината Гоце Делчев аплициравме за ново возило за ТППЕ Штип,“ изјави Бочварски.

На денешен ден е формирана првата противпожарна единица и затоа 20 мај е Ден на пожарникарството. ТППЕ Штип денеска изведуваше показна вежба во СОУ „Јане Сандански“.

 TPPE-02

TPPE-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Јуни 2019
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize