Дома Настани Средба со Владимир Егоров и Емил Павлов
Средба со Владимир Егоров и Емил Павлов
Понеделник, 15 Април 2019 12:23

VEgorov-EPavlov-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски во својот кабинет ги прими двајцата европски медалисти, каратистот Емил Павлов од КК „Штип“ и борачот Владимир Егоров од БК „Балканец“.

Се разговараше за нивниот успех и идните предизвици со кои ќе се соочат. Градоначалникот Бочварски потенцираше дека Општина Штип стои на располагање за секаква помош, бидејќи овие двајца спортисти се амбасадори на Штип и затоа поддршката е голема.

„Се работи за двајца успешни спортисти коишто и во изминатите неколку недели имаа успешни натпревари на европските првенства и донесоа бронзени медали.

Општина Штип е единствениот град во Република Северна Македонија којшто оваа година има вакви големи успеси и јас верувам дека овие успеси ќе продолжат и понатаму,“ изјави Бочварски.

Емил Павлов и Владимир Егоров ја искажаа својата благодарност за овој прием и потенцираа дека резултатите ќе продолжат и во иднина со што ќе носат радост на Штип и на државата.

 VEgorov-EPavlov-02

VEgorov-EPavlov-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2019
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize