Дома Настани Одлука за изградба на затворен базен во Штип
Одлука за изградба на затворен базен во Штип
Среда, 10 Април 2019 10:57

Vlada lgВладата на Република Северна Македонија на оваа своја седница ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на Проектот за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија, со што е одобрено отпочнување на постапка за склучување Договор за повеќегодишна јавна набавка за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија, а средствата потребни за оваа намена во тековната 2019 година во вкупен износ од 30.000.000,00 денари да се вклопат во рамки на расположливиот Буџет на Агенцијата за млади и спорт за 2019 година.

Дополнително, со заклучок на Владата на Република Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт е задолжена во наредните 3 години да ги планира и вклучи средствата потребни за реализација на договорот во буџетското барање за 2020, 2021, и 2022 година, а на општините Штип, Чаир, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Гостивар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Тетово и Кичево, им препорача да изберат и предложат локација, за која треба дa побараат и обезбедат Одобрение за градба.

Овој проект е од голема важност за граѓаните и за младите спортисти кои ќе имаат дополнителна локација за рекреирање спорт и дружење.

Затворениот базен во Општина Штип ќе се гради во склоп на училиштето Димитар Влахов.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Октомври 2019
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize