Дома Настани Средба со Британската амбасадорка, Рејчел Галовеј
Средба со Британската амбасадорка, Рејчел Галовеј
Среда, 27 Февруари 2019 15:16

Ambasadorka-UK-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.

Градоначалникот Бочварски ја извести амбасадорката за инфраструктурните зафати и тековните работи во Општина Штип.

Локалната самоуправа работи посветено на подобрување на општественото живеење и затоа ваквите средби со претставници од поразвиените земји се секогаш во корист, со цел превземање на добри практики и унапредување на квалитетот на живеење за граѓаните.

„Се заблагодарив за поддршката од Британија на Македонија за влезот во НАТО алијансата, што значи дека нашата земја е рамо до рамо со сите НАТО сојузници,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Градоначалникот Бочварски и амбасадорката Галовеј го посетија мултимедијалниот центар, кадешто е спомен собата на Киро Глигоров, првиот претседател на Македонија.

„Ова е можност и за мене да се сретнам со луѓе надвор од Скопје и да слушнам кои се прашањата коишто се важни за луѓето од другите градови.
Градоначалникот ме информираше за неговите приоритети, за инфраструктурата, за економијата и разговаравме за тоа како да ја продлабочиме соработката во иднина,“
изјави амбасадорката.

 Ambasadorka-UK-02

Ambasadorka-UK-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Мај 2019
П В С Ч П С Н
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize