Дома Настани Намалена цена на вода за пиење
Намалена цена на вода за пиење
Вторник, 22 Јануари 2019 12:51

CenaNaVoda-01Зборот е збор! Во предизборната кампања, ветивме дека граѓаните на општина Штип ќе плаќаат поевтини сметки за вода. Од 1 јануари 2019 година сите граѓани на општина Штип ќе добиваат за 10% поевтини сметки за вода во однос на 2017 година.

За потсетување во 2017 година цената на водата за домакинства изнесувала 35.50 денари за метар кубен, а за правни лица 53 денари за метар кубен.

Новата цена на водата за домаќинствата од 01.01.2019 година ќе изнесува 31,96 денари за метар кубен, а додека за правните лица ќе изнесува 49,94 денари за метар кубен. Со ова покажуваме дека цената на водата за пиење може да се намали без разлика што претходните власти велеа дека тоа е невозможно. Дополнително најголемото покачување на цената на водата се случи во 2011 кога беше покачена за високи 39%.

ЈП „Исар“ минатата година произведе за 2% помалку вода што е уште еден показател дека имаме намалување на губитоци на вода. За само една година изградивме и реконструиравме 3 километри водоводни линии, што претставува успех на ЈП „Исар“ и Општина Штип.

Како за потсетување, ЈП „Исар“ од заштеди има набавено две возила, метларка и ровокопач со што дополнително се зголемуваат капацитетите на ова претпријатие.

Ова се вистински мерки за враќање на парите кај граѓаните.

 CenaNaVoda-02

CenaNaVoda-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Април 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize