Дома Настани Посета на две основни училишта во Штип
Посета на две основни училишта во Штип
Четврток, 17 Јануари 2019 14:34

Poseta-Ucilista-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со раководителката на лер, јавни дејности и образование Билјана Казанџиска ги посетија основните училишта Димитар Влахов и Славејко Арсов. Основните училишта се комплетно подготвени да ги дочекаат учениците и да започне вториот дел од учебната година.

„Општина Штип инвестираше 7,2 милиони денари од кои 2 милиони денари се на училиштето Димитар Влахов. Еве сега сум информиран од директорот дека јавните набавки се завршени и се во фаза на реализација. Имаме нов котел за парното греење којшто беше во дотраена состојба, со тоа што греењето го решивме за еден подолг временски период, опремување на неколку кабинети со сите потребни материјали со тоа што можеме да кажеме дека вршиме подобрување на условите за учење,“ посочи градоначалникот.

Градоначалникот Бочварски заедно со директорот на основното училиште Славејко Арсов извршија увид во состојбата на училиштето и новиот премин од училиштето кон салата.

„Најгорливиот проблем на училиштето Славејко Арсов беше преминот од училиштето кон салата, немаше никаква топла врска помеѓу двата објекти. Општина Штип издвои 2,2 милиони денари за училиштето Славејко Арсов. Можеме да забележиме дека овој проект е завршен со уште некои мали корекции,“ кажа Бочварски.

 Poseta-Ucilista-02

Poseta-Ucilista-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Април 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize