Дома Настани Поставување на фотоколектори на три објекти
Поставување на фотоколектори на три објекти
Среда, 16 Јануари 2019 14:07

FotokolektoriДенеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски го посети училиштето ООУ „Ванчо Прќе“ кое е една од институциите каде ќе се поставуваат фотоколектори.

Општина Штип аплицираше на проект менаџиран од Светска банка и обезбеди поставување на фотоколектори за три објекти кои преку производство на енергија од обновливи извори во голем дел ќе обезбедат заштеди на електрична енергија и истата ќе ја користат за свои потребни.

„Денеска ја информираме јавноста овде од пред основното училиште Ванчо Прќе за еден убав град којшто го доби Општина Штип за три свои објекти.

Општина Штип доби монтажа на фотоволтаици на три објекти во нашиот град и тоа: на ООУ „Ванчо Прќе“, ТППЕ Штип и филтен станицата, објект на ЈП „Исар“. Се работи за големи заштеди, дополнително намалување на загадувањето, обновливи извори на енергија и сето тоа ќе го добиеме како опрема без надомест.

Очекуваме до крајот на март оваа година да бидат поставени фотоволтаиците,“ изјави Бочварски.

На трите објекти ќе се постават панели со капацитет од околу 15 kw/h или вкупно 50 kw/h на сите три објекти заедно.

Поединечно секој објект би произведувал по околу 25,000 kw/h годишно.

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Февруари 2019
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize