Дома Настани Увид во градежни активности кај крстосница во населба Пребег
Увид во градежни активности кај крстосница во населба Пребег
Среда, 28 Ноември 2018 15:53

Uvid-Prebeg-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во градежните активности кај крстосницата во населба Пребег.

Станува збор за реконструкција на водоводната и канализационата линија на самиот влез на градот. Ова се значајни активности на ЈП „Исар“ во висина од четири милиони и двеста илјади денари, со намена за канализациони и водоводни линии за подобрување на водоснабдувањето за сите фирми, но и домаќинства кои гравитираат овде. Планираната водоводна линија 2 којашто ќе се реализира во иднина ќе се приклучи токму на оваа водоводна линија овде. 

Оваа е доста сериозна инвестиција и ја реализираме сега поради тоа што 

веднаш после реализацијата на овај зафат ќе започнеме со изградба на кружниот тек  преку компанија којашто го доби тендерот за јавната набавка. 

Токму затоа сакам да највам дека во наредните денови ќе биде прекопан главниот булевар за влез во градот, ќе имаме привремено собраќајно решение со префрлување на возилата на едната собраќајна лента, заради што бараме разбирање од возачите и внимателно возење.

Привремено ќе се намали дозволената брзина токму овде, на овој булевар. Кога ќе завршат овие активности, веќе ќе биде раскопан булеварот и ќе започнеме со реализација на кружниот тек.

Овде наскоро ќе имаме нов кружен тек, нова водоводна линија и нова канализациона линија. Вкупната инвестиција на овие два зафати е околу петнаесет милиони денари или нешто околу двеста и педесет илјади евра, истакна градоначалникот Бочварски. 

Доколку временските услови се поволни, во многу блиска иднина во овој дел од градот ќе бидат обезбедени услови за побезбедно учество во сообраќајот за пешците и поодговорно однесување на возачите.

 Uvid-Prebeg-02

Uvid-Prebeg-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Јули 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize