Дома Настани Посета на ДСУ „Искра“ по повод Ден на даночните работници
Посета на ДСУ „Искра“ по повод Ден на даночните работници
Вторник, 27 Ноември 2018 14:46

Poseta DSU Iskra-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорката на УЈП, Сања Лукаревска го посетија училиштето „Искра“. Оваа посета беше со цел донација на ова училиште за оние ученици коишто учат таму, по повод Ден на даночните работници.

„Денеска сме овде да донираме хуманитарен прибор којшто е собран од вработените во УЈП, во пресрет на нашиот Ден на даночниците. Секоја година го правиме истото, оваа година навистина ни е чест што ќе помогнеме на дечињата од ова средно училиште. Донирани се околу 109.000 денари од страната на УЈП, собрани од колегите, 65 комплети јоргани, навлаќи, ДВД системи и сетоа она што им е потребно,“ изјави директорката Лукаревска

„Сакам да се заблагодарам Poseta DSU Iskra-02на училиштето „Искра“ и пред се на УЈП и директорката Лукаревска заради убавиот настан денеска. Денеска дел од своите средства коишто вработените ги имаат, ги донираат на ова училиште. На мене ми е мило што институциите во меѓусебна соработка можат да покажат како можеме да помагаме сите онаму кадешто е најпотребно. Ние како Општина Штип тоа го правиме редовно во зависност со нашите можности,“ додаде градоначалникот Бочварски.

На овој настан присуствуваа и раководителката на сектор лер, образование и јавни дејности од Општина Штип, Билјана Казанџиска, директорката на штипската експозитура на УЈП, Ана Јаковчевска и директорката на ДСУ „Искра“ Марија Костова.

 Poseta DSU Iskra-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Мај 2019
П В С Ч П С Н
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize