Дома Настани Увид во градежни активности во ООУ „Славејко Арсов“ Штип
Увид во градежни активности во ООУ „Славејко Арсов“ Штип
Четврток, 22 Ноември 2018 15:10

Gradezni-OOU-SArsov-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со раководителката на образование, лер и јавни дејности, Билјана Казанџиска и директорот на ООУ „Славејко Арсов“, Павле Мицев извршија увид во започнатите градежни активности во дворот на ова училиште. Се работи за започната изградба на затворен премин, кој ќе ги спои просторот за настава и спортаската сала. Овој градежен зафат, беше барање на учениците кои во различни периоди од денот и во различни временски услови го поминуваа овој простор.

„Денеска сме повторно во населбата Баби односно во основното училиште „Славејко Арсов“ кадешто заедно со директорот и раководителката на лер, образование и јавни дејности извршивме на градежните активности коишто се многу значајни за ова училиште.

Пристапивме со изработка на основен проект за топла врска, за тунел којшто ќе ги поврзи училиштето и спортската сала со што веќе активностите се во тек и очекуваме до крајот на оваа година да биде завршен тунелот.

Ова е сериозна инвестиција околу 2,2 милиони денари,“

Сите основни училишта во општина Штип добија насоки да изготват проекти и веќе се во тендерски постапки за подобрување на условите во сите пет основни училишта во градот. Инвестициите во сите основни училишта во градот ќе бидат околу 7,2 милиони денари коишто ќе ги реализираат во наредниот период.

 Gradezni-OOU-SArsov-02

Gradezni-OOU-SArsov-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Мај 2019
П В С Ч П С Н
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize