Дома Настани Промоција на зборник по повод 70 години учителска школа „Гоце Делчев“
Промоција на зборник по повод 70 години учителска школа „Гоце Делчев“
Петок, 16 Ноември 2018 14:02

Promocija-Zbornik-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Блажо Боев присуствуваа на промоција на зборник по повод 70 години учителска школа „Гоце Делчев“.

На овој настан свое поздравно обраќање имаше градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

„Денес имам посебна чест и задоволство да бидам овде со вас и воедно ја користам приликата да ја поздравам вашата иницијатива и пожртвуваност и после 70 години основање на Учителската школа „ Гоце Делчев “, вие неуморно ја продолжувате оваа традиција.

Вашата благородна професијаPromocija-Zbornik-02 е ненадминлива. Не постои цена која ке ја плати вашата посветеност,нема признание што ќе биде доволно за вашите успеси. Свесен сум дека понекогаш вие се соочувате со многубројни предизвици и неправди. Но ја знам и вашата несебична заложба, да воспитате и образувате успешни генерации, успешни граѓани кои понатаму ќе го градат нашето општество,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Покрај градоначалникот, свое поздравно обраќање имаа и ректорот на УГД, Блажо Боев, еден од иницијаторите за јубилејот и еден од стручните носители на зборникот професор д-р Атанас Николовски, деканот на Факултетот за Образовни науки при УГД, професор д-р Соња Петровска. По поздравните обраќања се отвори панел дискусија, каде учество зедоа, проф. д-р Јелица Николовска, проф. Невена Милева и проф. Тања Павлова.

 Promocija-Zbornik-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Мај 2019
П В С Ч П С Н
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize