Дома Настани Увид во градежни активности на нова улица во населба Баби
Увид во градежни активности на нова улица во населба Баби
Петок, 16 Ноември 2018 13:10

Babi-NovaUlica-01Денеска градоначалникот на Општина Штип , Благој Бочварски изврши увид во градежните активности на нова улица во населба Баби. Се работи за пробивање на комплетно нова улица со должина од 105 метри, тампонирање и асфалтирање на

истата која ќе чини 1.000.000 денари со вклучено ДДВ.

„Денеска продолжуваме со изградбата на нова улица во населбата Баби. Се работи за улицата 11 Конгрес, едно продолжение на постоечката улица којашто беше доста потреба и во разговорите со граѓаните овде беше посочувано дека е еден од клучните проблеми за овој дел од населбата.

Изработена е проектнаBabi-NovaUlica-02 документација, а потоа и тендерска постапка за да влеземе веќе во реализација. Времето не послужи да во овој период сработиме дел од инфраструктурата овде. Се работи за изградба на нова улица со вредност од 1.000.000 денари, со ископ на земјени работи, тампонирање и потоа асфалтирање на оваа улица,“ изјави Бочварски.

Општина Штип за една година во населбата Баби има инвестиција од околу 9,3 милиони денари, за изградба на неколку други улици, водоводи и канализации.

 Babi-NovaUlica-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Мај 2019
П В С Ч П С Н
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize