Дома Настани Камен-темелник на нова детска градинка во Сењак 4
Камен-темелник на нова детска градинка во Сењак 4
Вторник, 30 Октомври 2018 14:29

Gradinka-Temelnik-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески и претставници од Источен Плански регион присуствуваа на поставувањето на камен-темелникот на новата детска градинка во населба Сењак 4. Се работи за капитален проекто којшто после 30 години ќе го добијат граѓаните на општина Штип. Изградбата на оваа детска градинка со површина од 1498 м2 ќе чини 31.871.710 денари од кои 16.000.000 денари се обезбедени од ИПР, останатите од Општина Штип.

„Денеска во населбата Сењак беше поставен камен-темелник на новата детска градника. Мене ми е особено драго и често што имам можност во првата година од мојот мандат да започнам еден ваков голем проект од 50 милиони денари, којшто е многу значаен за општина Штип и за најмладите заради тоа што во овој момент имаме големи потреби за нови детски градинки и капацитети за сместување на дечињата,“ изјави Бочварски.

Овој капитален проект кој ќе овозможи грижа за 200 дечиња е значаен за жителите на населба Сењак но и на останатите населби во општина Штип.

„Преку соработка на централнатаGradinka-Temelnik-02 и локалната власт, се решава едно многу значајно прашање за 200 млади семејства.Владата на Република Македонија посветено работи на решавање на суштинските потреби на граѓаните. Со средства од Програмата за рамномерен регионален развој оваа година во Источниот плански регион се реализираат 10 нови инфраструктурни проекти или техничка документација  во вредност од 35,5 милиони денари, од буџетот на државата. Тенденција е овие средства да се зголемуваат,“ додаде заменик министерот Павлески.

 Gradinka-Temelnik-03

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Ноември 2018
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize