Дома Настани Посета на ТППЕ Штип
Посета на ТППЕ Штип
Четврток, 18 Октомври 2018 14:55

TPPE-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на Дирекција за заштита и спасување, Аднан Џаферовски и претставници од земји од Европската унија беа во посета на штипската противпожарна единица се со цел да се увидат состојбата и капацитетот на Територијалната противпожарна единица во Штип.

„Според тоа што јас го добив како TPPE-03информација, ние сме една од подобрите противпожарни единици коишто добро одговараат на задолженијата кои ги добиваат од централните институции но и јас како градоначалник можам да кажам дека овде имаме екипа којашто може да одговори на секаков вид на предизвик со таа опрема којашто ја имаме. Мојата задача како градоначалник е и во иднина да продолжам со инвестициите, заедно со командирот на ТППЕ Штип во подобрување на условите, во подобрување на возилата.

Веќе имаме аплицирано заедно со Општина Гоце Делчев од Бугарија за ново противпожарно возило, тоа се пари од Европската Унија, доколку ги добиеме ние ќе имаме и ново возило за противпожарната единица.

Пред неколку недели добивме и поддршка од Дирекцијата за заштита и спасување во опрема којашто ќе им биде во корист на пожарникарите,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Општина Штип е првата којашто е посетена од страна на претставниците од Европската унија кадешто е извршено увид во работата на Територијалната противпожарна единица во Штип.

 TPPE-02

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Ноември 2018
П В С Ч П С Н
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize