Дома Настани Настан „Future of Europe Reload“ во Португалија
Настан „Future of Europe Reload“ во Португалија
Петок, 12 Октомври 2018 12:59

FutureOfEuropeReload-01Изминативе денови делегација од Општина Штип, предводена од градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, беше во посета на Португалија, во градот Сетубал, а во рамки на проектот „Future od Europe Reload“. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски имаше свое поздравно обраќање пред присутните на настанот.

„Во изминативе месеци напорно работевме за од нашиот град и од нашата држава да направиме пристојни места за живеење. Над 2,6 милиони евра се насочени кон инфраструктурни проекти во Штип.

Тргнавме по патот на вредни заложби и унапредување, со што Штип конечно го доживува развојниот подем кој го заслужува. Но, ние сакаме повеќе, сакаме да продолжиме да се движиме во иста насока и со засилен интензитет кон остварување на нашата заедничка цел: повисок животен стандард, подобро секојдневие за нас, уште подобро утре за генерациите кои доаѓаат. А, тоа за нас е возможно само со членство во Европската Унија.

Вкупната годишна EУFutureOfEuropeReload-02 помош за Македонија изнесува 90 милиони евра односно 260.000 евра дневно. Од нив, Штип може да употреби доволно средства за да стане едно од најпосакуваните места за живеење во регионот. Општина Штип денес се наоѓа на висока агенда на европските случувања. Сите посети од странските амбасадори и претставници на држави се наш дополнителен мотив да продолжиме да соработуваме со поразвиените европски држави за важни проекти кои ќе бидат во корист на граѓаните.

FutureOfEuropeReload-03Општина Штип во изминатиот период во соработка со повеќе земји има аплицирано за неколку потребни проекти. Во 2018 година Општина Штип има аплицирано на проект преку ИПА Програмата за прекугранична соработка заедно со Општина Гоце Делчев односно градинката „Сонце“ за заеднички акции за зелена иднина. Исто така во 2018 г., преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Општина Штип и Дирекцијата за противпожарна заштита од Софија имаат аплицирано за заеднички проект. Од оваа година општина Штип е партнер на општина Аксаково во реализација на проектот „Иднината на Европа“, коа ќе се реализира од април 2018 година до мај 2020 година,“ истакна Бочварски во своето обраќање.

Овој настан беше во организација на градоначалничката на Сетубал, Мариа дас Дорес Меира, а присутни беа и градоначалници од други земји-членки на Европската унија и тоа од: Аksakovo (Бугарија), Ozarow Mazowiecki (Полска), Nughedu Santa Vittoria (Италија), Victoria (Романија) и Monserrat (Шпанија).

Општина Штип беше домаќин на градоначалниците од овие шест земји-членки на Европската Унија како дел од овој проект во јуни годинава. Соработката продолжува во иднина со други вакви настани.

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Декември 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize