Дома Настани Увид во работата на ЈП „Исар“ за водоснабдување на населбата Балканска
Увид во работата на ЈП „Исар“ за водоснабдување на населбата Балканска
Вторник, 09 Октомври 2018 13:34

Balkanska-vodosnabduvanje-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев извршија увид во работите на ЈП „Исар“ во населба Балканска за водоснабдување на околу 600 жители кои се во финална фаза.

Должината на водоводот до населба Балканска е 1300 метри, а досега се изведени 1250 метри.

„Денеска сме во населба Балканска, на мое огромно задоволство и на задоволство на сите граѓани на Штип. Денеска сме во населба Балканска да го промовираме проектот којшто досега е изработе, а тоа е водоводот за населба Балканска.

Проектот е со вредност преку 16 милиони денари, инвестицијата е на Општина Штип и на ЈП „Исар“ и денеска можам да ги информирам граѓаните дека сме на самиот крај од оваа фаза од изработката на водоводот до населба Балканска. Се работи за 1300 метри должина на водоводната линија од коишто до денеска е изработено околу 1250 метри со што останува уште 50 метри“ стои во изјавата на градоначалникот Бочварски.

Во наредната фаза Општина Штип ќе продолжи со изработка на водоводот со два краци кон населба Балкнаска и крак кон населба Чардаклија.

Balkanska-vodosnabduvanje-02Balkanska-vodosnabduvanje-03

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Октомври 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize