Дома Настани Увид во работата на ново улично осветлување на различни локации во градот
Увид во работата на ново улично осветлување на различни локации во градот
Среда, 03 Октомври 2018 13:50

UlicnoOsvetluvanje-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во работењето на ново улично осветлување на различни локации во градот. Се работи на ново улично осветлување во населба Баби 6., на улиците 6 и 7, во населба Сењак кај објектот „Луна Комерц“ и во населба Блок 2000. На улиците во населба Баби изведувач на новото осветлување е Дигитал ДООЕЛ Струмица, а додека во населбите Сењак и Блок 2000 изведувач е ТМ ДОО – Штип.

„Се наоѓаме во населбата Баби, на улиците 6 и 7 коишто пред извесен период беа асфалтирани. Во оваа населба продолжуваме со изградба на инфраструктурата којашто е потребна за нормално функционирање на граѓаните, а тоа е уличното осветлување и веднаш потоа ќе бидат поставени и тротоарите на овие улици.

Ова значи дека ги комплетирамеUlicnoOsvetluvanje-02 инфраструктурните зафати, освен улици, водоводи и канализации, веќе работиме на улично осветлување на овој дел од градот. Паралелно со ова беа распишани тендери за уште два блока во градот, а тоа е во Блок 2000 се работи за 380 метри поставување на ново улично осветлување на улиците  и во населба Сењак кај објектот „Луна Комерц“ веќе се поставуваат 455 метри ново улично осветлување.

UlicnoOsvetluvanje-03Овде во населба Баби има 300 метри, што значи дека околу 1135 метри имаме поставување на ново улично осветлување, цената на чинење на сите овие градежни зафати во дел на инфраструктурата изнесува околу 2.000.000.00 денари, се работи за посебни тендери коишто ги добија две различни компании и веќе гледате дека во овој период се работи на реализација на овој проект.

Ова е многу важно заради безбедноста на граѓаните, заради тоа што граѓаните коишто веќе овде градат и во останатите делови од градот платиле свои комуналии. Во населбата Блок 2000 е карактеристично што веќе одреден период, повеќе од 4 години живеат во своите домови, платиле комуналии а немаат улично осветлување. Така што ги санираме сите овие штети коишто ги затекнавме со цел да обезбедиме подобар живот на граѓаните во општина Штип,“ истакна градоначалникот Бочварски.

По завршување на новото улично осветлување, на овие улици Општина Штип ќе продолжи со изработка на тротоари.

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Декември 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize