Дома Настани Прием на деца од основните училишта по повод Светската недела на детето
Прием на деца од основните училишта по повод Светската недела на детето
Среда, 03 Октомври 2018 13:11

Ucenici-NedelaNaDeteto-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ги прими децата од основните училишта во Штип по повод Светската недела на детето. На средбата која се одржа во големата сала на Општина Штип присуствуваа околу 70 ученици од сите основни училишта во општина Штип кои му подарија на градоначалникот подароци изработени за време на часовите заедно со своите наставнички.

„Денеска по повод неделата на детето имаме  уште еден прием на дечиња од сите основи училишта во градот во салата на големата сала на Општина Штип. Можам да кажам дека овие два дена ми се исполнети со прекрасни дружби со најмалите и најмилите од нашиот град.

Вчера имав можност даUcenici-NedelaNaDeteto-02 ги посетам дечињата од двете детски градинки од „Астибо“ и „Вера Циривири Трена“, а денеска имам можност овде на гости во општината да бидат децата од сите основни училишта, по повод неделата на детето да ги слушнам нивните размислувања, барања и потреби во овој нивни период од животот, да ми укажат што Општината треба да прави за нив.

Вчера дечињата од градинките укажаа дека бараат уште една детска градинка, но и побараа многу спортски реквизити и игри за деца низ целиот град. Така што еве сега ќе имам убава можност да посветам околу половина час и на овие дечиња од основните училишта,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Општина Штип во иднина ќе продолжи да излегува во пресрет на најмалите и на сите граѓани кога е најпотребно.

Ucenici-NedelaNaDeteto-03 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Декември 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize