Дома Настани Посета на двете детски градинки во општина Штип по повод Светскиот ден на детето
Посета на двете детски градинки во општина Штип по повод Светскиот ден на детето
Вторник, 02 Октомври 2018 11:56

DenNaDeteto-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски по повод Светската недела на детето ги посети двете детски градинки во општина Штип, детската градинка „Астибо“ и детската градинка „Вера Циривири Трена“ каде во име на Општина Штип донираше поклони. Во детската градинка „Астибо“ се донираше аквариум,  додека во детската градинка „Вера Циривири Трена“ спортски реквизити за игра и забава на најмалите.

„По повод Светската недела DenNaDeteto-02на детето денеска имам можност да ги посетам двете детски градинки во Штип. Во овој момент се наоѓаме во детската градинка „Астибо“ кадешто бев присутен на една убава претстава од дечињата овде со што посакувајќи им ја неделата на детето и тековната година успешна подаривме во име на Општина Штип еден аквариум којшто беше барање на детската градинка „Астибо“ и на дечињата.

Одовде ќе заминеме и во другата градинка „Вера Циривири Трена“ кадешто подаривме реквизити за играње на децата такашто Општина Штип ја одбележува оваа недела на детето со што им подаруваме по еден скромен подарок на двете детски градинки.

Тие побараа од мене да се изгради нова детска градинка и да се подобрат условите во градот со спортски реквизити и реквизити за забава на дечињата и ние си ја превземаме таа обврска, а тие ни ветија дека ќе ги чуваат во иднина,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Општина Штип и во иднина ќе продолжи да се грижи за најмалите, преку подобрување на условите за нивно растење и развивање.

 DenNaDeteto-03

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Декември 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize