Дома Настани Изградба на нов пристапен пат во викенд населба Суитлак
Изградба на нов пристапен пат во викенд населба Суитлак
Петок, 28 Септември 2018 17:08

Suitlak-pat-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари увид во изградбата на нов пристапен пат во викенд населбата Суитлак. Станува збор за барање од тамошните жители кое на градоначалникот на Општина Штип го доби за време на разговорите и средбите со граѓаните.

„Денеска сме во викенд населбата Суитлак каде започнавме со изградба на една од главните сообраќајни артерии овде. Оваа улица беше нотирана од граѓаните како исклучително значајна.

Овде живеат голем број граѓани, Suitlak-pat-02а има голем број викендици на граѓани кои често доаѓаат овде. Тие се пожалија дека при секој пороен дожд оваа улица делумно се уништува.

Во претходниот период овде се работеше на изградба на нова канализациона мрежа, а еве веќе од денеска стартуваме со изградба на улицата. Оваа улица е со должина од 1120 метри, а нејзината вредност е 6.400.000 денари.

Оваа инвестиција е од буџетот на Општина Штип. не ги обврзуваме луѓето да плаќаат дополнително за да им се изгради нешто, туку чувствуваме потреба дека на овие граѓани кои живеат овде треба да им обезбедиме пристапен пат и подобри услови за функционирање и за живот.

Ги слушаме и ги следиме барањата на граѓаните. Така ќе продолжиме да работиме и во иднина. Капиталните инвестиции се на прво место во Општина Штип,“ истакна градоначалникот Бочварски.

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Декември 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize