Дома Настани Почеток на изградба на нова детска градинка во населба Сењак 4
Почеток на изградба на нова детска градинка во населба Сењак 4
Петок, 28 Септември 2018 15:00

NovaGradinka-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари увид во почетокот на изградбата на детската градинка во населба Сењак. Станува збор за еден од најважните капитални објекти коишто градоначалникот Бочварски им ги вети на граѓаните во предизборието, а само десет месеци подоцна, после темелна и во целост правилна постапка, започнува изградбата на овој важен објект.

„Денеска со огромно задоволство можам да кажам дека започнуваме со изградба на детската градинка во населба Сењак, еден од најважните капитални проекти за Општина Штип, којшто го ветивме во предизборната кампања. Ваков објект триесет години не е изграден во Општина Штип. за само десет месеци од преземањто на локална власт, еве веќе сме подготвени и денеска официјално започнуваме со изградба на оваа детска градинка.

Се работи за еден прилично NovaGradinka-02скап проект кој изнесува околу 50.000.000 денари, односно околу 800.000 евра. Седумдесет проценти од оваа сума се средства обезбедени од буџетот на Општина Штип, додека околу 30% од ИПР преку Биро за рамномерен и регионален развој.

Ова е многу важен проект за целиот град. Можам да кажам дека вакви проекти изостануваа и недостасуваа изминативе години во нашата општина. И токму затоа борбата беше капиталните проекти да бидат во преден план. Денеска над ело покажуваме дека Општина Штип има капацитет и може и треба да гради ваков тип објекти.

Нека е со среќа градбата! Верувам дека за една година објектот во кој ќе бидат сместени околу 200 дечиња ќе биде готов,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Новата детска градинка ќе биде изградена по сите стандарди кои ги пропишува законот за ваков вид на градби. Нејзината површина изнесува 1498.85 м2 , а вкупниот буџет за изграбата чини околу 50.000.000 денари.

 NovaGradinka-03

NovaGradinka-04

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Октомври 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize